Нема повеќе пушење ни на тераса – новиот закон носи строги казни!

t

Министерството за здравство подготвува нова стратегија за борба против пушењето – ќе се воведат построги мерки, а пушењето повторно ќе биде забрането и на затворените тераси од угостителските објекти. „Не можеме да имаме инспектори на секој агол, но ќе воведеме јасни правила и строги казни. Нема да има попуштање“, изјави заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, по повод Светскиот ден без тутун.Според него, постојат две опции: или ќе се направат измени на сегашниот закон, или ќе се изработи сосема нов закон со фокус на заштита на младите и санкции за прекршителите. Меѓу инспирациите е Франција, каде пушењето е забрането на јавни места во близина на деца – како паркови, игралишта и спортски терени. Лекарите веќе подолго време предупредуваат – децата во Македонија почнуваат да пушат многу рано, некои и на само 13 години.

Истражувањата покажуваат дека 70% од пушачите ја започнуваат навиката пред да наполнат 21 година. Дополнително загрижува фактот што тутунската индустрија сè поагресивно ги таргетира младите, нудејќи цигари и електронски уреди со овошни и слатки вкусови – како манго или јагода – со цел да ги направи попривлечни за тинејџерите. УНИЦЕФ и СЗО апелираат младите уште од најрана возраст, преку училишните програми, да добијат информации за последиците од пушењето и зависноста што ја предизвикува.Податоците се алармантни – речиси половина од возрасната популација во земјава пуши, а тутунот е меѓу главните причини за смрт од срцеви и васкуларни болести, заедно со високиот крвен притисок. „Слободата на еден пушач завршува таму каде што започнува правото на секое дете да дише чист воздух“, нагласуваат здравствените експерти. Новите измени што ги подготвува Министерството ќе значат целосна нетолеранција кон пушењето на места каде што има деца, но и зголемена контрола и високи казни за угостителите што нема да ги почитуваат правилата. Целта е една: да се заштити здравјето на идните генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе пушење ни на тераса –…

Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…

Статистика на СЗО: Пушењето убива по 11…

Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека Македонија…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

Стопанската комора најави дека ќе го оспори…

Носењето на Законот за данок на солидарност…