Објавено на:

Нема прекин на огнот во Појасот Газа: Израел го отфрли предлогот на Египет

t

Израел го отфрли новиот предлог на Египет и другите посредници за прекин на својата воена операција во палестинската енклава Појасот Газа, пренесе во саботата вечерта телевизијата Al-Arabiya, повикувајќи се на свои извори, откако претходно агенцијата Reuters пренесе дека Израел и милитантното палестинско движење Исламски џихад договориле примирје коешто треба да стапи на сила во 22 часот по локално време, што сигнализираше крај на најлошата епизода на прекуграничен оган од десетдневната војна во 2021 година.

Во петокот вечерта израелскиот портал Walla, повикувајќи се на неименувани израелски функционери, дека Египет им предал на Израел и на палестинската фракција Исламски џихад нов предлог за прекин на непријателствата во Појасот Газа.

„Израел ја отфрли понудата на Египет и другите посредници за прекин на воената операција“, изјавиле соговорниците на телевизијата Al-Arabiya. Според нив, Египет предложил прекин на огнот без претходни услови од двете страни, но во Израел ги увериле посредниците дека ќе продолжат со воените операции.

Еден од неименуваните извори на телевизијата рекол дека во контекстот на израелското одбивање на прекинот на огнот, Каиро ги прекинал контактите со Израел и го одложил заминувањето на египетската делегација во Тел Авив, на разговорите кои требаше да се одржат во недела.

Претходно египетскиот телевизиски канал Al-Qahera News објави дека Египет, кој посредува во прекинот на огнот, ги повикал двете страни да се придржуваат да договорот.

„Во духот на договорот на палестинската и израелската страна. Египет објавува дека е постигнат прекин на огнот меѓу палестинската и израелската страна. Двете страни ќе се придржуваат на примирјето коешто ќе вклучува запирање на гаѓањата на цивили, уривање куќи, запирање на целени напади врз поединци што примирјето ќе стапи на сила“, стои во документот од договорот во кој увид имала агенцијата Reuters.

Портпаролот на Исламски џихад потврдил за Reuters дека е постигнато примирје, но агенцијата не добила потврда од израелските функционери од која барала коментар.

Но и по објавувањето на веста дека е постигна договор за прекин на огнот, двете страни продолжија со нападите, со тревога за воздушна опасност во јужен Израел. Израелската војска објави дека погодила шест оперативни командни позиции на Исламски џихад.

Израелската војска го започна најновиот бран воздушни удари во воената операција „Штит и стрела“ во вторникот ноќта чијашто цел е уништување на командата и инфраструктурата на милитантното движење Исламски џихад во Појасот Газа, кое планирало напади во Израел и врз Израелци во другата палестинска енклава Западниот брег, каде се присутни израелските безбедносни сили и има бројни израелски доселенички населби.

За овој период палестинските милитанти истрелаа повеќе од илјада ракети кон територијата на Израел, од кои некои се пресретнати од израелската противвоздушна одбрана или паднале во ненаселени мести. Но некои од проектилите погодиле и станбени објекти, при што загина еден Израелец а неколкумина се повредени.

Израел изведе изминатите пет дена напади врз стотици цели на милитантното движење во Појасот Газа, според последните извештаи, во израелските гранатирања и воздушни удари загинале 33 Палестинци, меѓу кои и жени и деца и шест високи команданти на Исламскиот џихад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…