Нема салмонела во мострите од храната во кујната во градинката „23 Август“ во Берово

Резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од кујната во детската градинка „23 Август“ во Берово покажуваат оти кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.
Во известувањето кое градинката го доби од Центарот за јавно здравје во Кочани кај сите земените мостри од десет видови на храна во градинката, не е пронајдено присуство на бактеријата салмонела.
-Претходно, како што знаете негативни беа резултатите за присуство на саломенела и во примероците земени од површините каде се подготвува храна, а нема утврдено присуство на бактеријата ниту кај самите вработени, соопштија од градинката „23 Август“.
Оттаму посочија дека во насока на поголема сигурност за работата на установата од Центарот за јавно здравје, претходно се дадени препораки за дезинфекција и поголема хигиена во градинката.
Досега беа пронајдени примероци на бактеријата салмонела кај 11 дечиња кои беа згрижени во установата, поради што кујната во градинката беше затворена.
За причините од каде се појавила бактеријата во установата ќе се дискутира на Совет на родители, како и на следната седница на Совет на Општина Берово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Берово не е за пиење,…
Водата од водоводната мрежа во Берово може…
Пожарот почнал од кујна, направена е голема…
Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово…
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу…
Најниска темепратура од 9 степени Целзиусови утрово…
Земјотрес го стресе Берово
Земјотрес со јачина од 2,1 степен по…
(Видео) Филипче: Разочарувањето кај работниците е големо,…
Има големо разочарување од првите месеци од…