Нема спортска атмосфера во Скопје, велат бугарските медиуми
Бугарските медиуми потенцираат дека во Скопје е мирно на 4-5 часа пред стартот на балканското дерби меѓу Македонија и Бугарија и дека воопшто нема фудбалска атмосфера каква што се очекува за фудбалски дуел на два соседа.
Веројатно тоа е и поради разочарувачкиот настап и на двете селекции, кои немаат шанси за првото место, кое на едно коло до крајот веќе го освои Грузија, велат бугарските медиуми.
„Важно е да се победи во Скопје, бидејќи во таков случај Бугарија ќе биде во четвртиот шешир за ждрепката на 9 октомври за квалификациските групи за ЕП 2024.
Кај домаќините изгледа спласна еуфоријата од добрите резултати во последно време. Играа на последното европско првенство и финален бараж за настап на Мундијалот во Катар, но сега ја немаат истата атмосфера. Во Скопје нема ниту еден знак, информација, сигнал дека вечерва од 20.45 часот ќе играат Македонија и Бугарија. Голем дел од граѓаните дури и не знаат ниту дека се игра мечот, ниту кога почнува“, пишува „Спортал.бг“
Во меѓувреме, спортската атмосфера во Македонија се подгрева, а за креативните идеи на македонксите навивачи може да прочитате на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…