Немилосрдната технолошка трка меѓу САД и Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА
Немилосрдната технолошка трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс на сослушувањето во американскиот Сенат.
„Мислам дека технолошката револуција е главната арена на конкуренција со Кина. Тоа е исто така примарна одредница за нашата иднина како разузнавачка служба“, рече Барнс.
Изјавата на Барнс доаѓа по неодамнешното објавување на Годишната проценка на заканите на американската разузнавачка заедница, во која Кина беше недвосмислено именувана како најголема закана за националната безбедност на САД.
Во извештајот се вели дека Пекинг активно користи кибер алатки за да ги шпионира Американците, дека е успешен во кражба на интелектуална сопственост и има способност да стекне странска технологија.
Директорот на ЦИА беше сослушан во Конгресот заедно со директорите на другите американски разузнавачки служби на седница посветена на меѓународните закани за американската национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…