Немири во Турција, полицијата пукала со гумени куршуми кон демонстрантите
Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град, како и во Измир и турската престолнина Анкара.
Некои учесници на протестот синоќа нападнаа полицајци, а еден полицаец е повреден во напад на маскирани лица во Анкара.
Во меѓувреме повеќе турски медиуми јавуваат дека во текот на вечерта полицијата испукала гумени куршуми кон демонстрантите, објави ТРТ Хабер.
Организатор на протестот е главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Имамоглу ги повика турските граѓани од неговиот притвор вчера да одржат масовни демонстрации низ целата земја бидејќи е принуден да чека во затвор да започне неговото судење.
Турското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека Имамоглу е сменет од функцијата откако бил уапсен под обвинение за корупција и тероризам.
Градскиот совет на Истанбул, каде што ЦХП има мнозинство, се очекува да избере вршител на должноста градоначалник во наредните денови, по разрешувањето на Имамоглу, објави Ројтерс.
Имамоглу е клучна опозициска фигура и потенцијален противник на претседателските избори на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, но тој ги негираше обвиненијата, нарекувајќи ги „незамислива клевета“.
Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на Имамоглу, велејќи дека судството е независно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…