Ненадејно почина белорускиот министер за транспорт
Белорускиот министер за транспорт и врски Алексеј Николаевич Авраменко ненадејно почина на 4 јули на 46-годишна возраст, соопшти Министерството за белоруската државна новинска агенција BelTA. Агенцијата не ја коментираше причината за смртта. Авраменко е роден во Минск во 1977 година.
Во 1999 година дипломирал на Белоруската државна политехничка академија. Работел на изградба и одржување на патишта, по што бил на повеќе функции во Министерството за транспорт. Тој беше заменик министер од 2013 година, а потоа прв заменик министер од 2016. Конечно ја презеде министерската фотелја во 2019 година.
Покојниот министер беше ставен под меѓународни санкции. Како министер за транспорт, тој беше одговорен за нелегално пренасочување на патничкиот лет FR4978 кон аеродромот во Минск на 23 мај 2021 година, што доведе до апсење на опозицискиот новинар Раман Праташевиќ.
Инаку, ова не е единствената ненадејна смрт на белоруски министер. Во ноември минатата година на 64-годишна возраст ненадејно почина министерот за надворешни работи Владимир Макеи. Само неколку дена пред неговата смрт, тој учествуваше на конференцијата на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…