Ненад Јовановиќ: Мојата земја нема да ја затворате по глупави сојузи со Путин и Орбан
„Знаеме дека Мицкоски е НЕ, така беше за Преспа, така беше за НАТО, така ќе биде за се’ секогаш и секаде. Мицкоски сака Северна Македонија да биде неслободна земја, без пријатели и сојузници“, напиша Ненад Јовановиќ на Фејсбук.
„Мицкоски сака оваа земја да биде затворена, плашлива од странци, нетрпелива и со огромни предрасуди кон човечките различности. Мицкоски е против “Европскиот предлог” (намерно не велам “Француски” оти Макроновиот предлог го поддржаа 27 земји членки на Европа), затоа што неговата политика е антиевропска. Јас сум овој предлог да се поддржи. Овде нема простор за седење на две страни. Европскиот предлог е Северна Македонија да биде отворена, своја, суверена, со признат македонски идентитет и македонски јазик. Сите финти за бугаризација се ништо друго освен глупирање и отстапување од Европа“, вели политичкиот аналитичар познат по ставовите блиски до оние на власта.
„Во конечното, со Европа имаме 90% трговска размена. А Мицкоски сака конфедерација со Орбанова Унгарија и кокетирање со Путиновиот Кремљ. Шетај, бе, батка, чим е така. Широка ти пољана. Мојата земја нема да ја затворате, напротив, допрва ќе ја отвараме, ама не предавнички, како што одвратно игра на комплексите и фрустрациите на неговото членство Мицкоски, туку ќе ја отвориме како дел од Европскиот и цивилизиран свет“, додава тој.
Затоа, Мице, можеш слободно да шеташ и протестираш. Ама Северна Македонија да ја затварате во глупави и контраверзни сојузи со Орбан и Путин, тоа кога ќе си го видам тилот. Ќе ја затворите Северна Македонија кога ќе си го видам тилот“, пишува Јовановиќ во објавата.