Неовластено му доставувала класифицирани информации на Мицкоски – Нова кривична пријава за директорката на АР
Директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева по наредба на Христијан Мицкоски вршела внатрешна контрола во Агенцијата и му доставувала класифицирани информации, псевдоними на соработници, кои потоа премиерот јавно ги кажуваше. За нејзината работа, Јаковлева воопшто не ја информирала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пишува „Слободен печат“.
Нова кривична пријава е поднесена до Обвинителството против директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева за нејзиниот „поданички“ однос кон премиерот Христијан Мицкоски, по чија наредба вршела внатрешна контрола во Агенцијата и му доставувала класифицирани информации, псевдоними на соработници, кои потоа премиерот јавно ги кажуваше. За својата работа, Јаковлева воопшто не ја информирала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја именуваше на оваа функција и под чија надлежност е службата.
Кривичната што стигна до редакцијата на Слободен печат, а која како што ни потврдија, е стигната и во Јавното обвинителство, е со потпис „студенти од Факултетот за безбедност Скопје“. На повеќе од десет страници се нотирани кривичните дела за кои има сомнеж дека ги направила директорката, откако Мицкоски од собраниска говорница читаше делови од класифициран извештај од Агенцијата, споменувајќи псевдоними „Цилиндер“ и „Џокер“, кои наводно тајно го следеле.
Целиот текст можете да го прочитате на Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…