Неофицијално: Убиениот во пукањето во Приштина е македонски државјанин, се шпекулира дека учествувал во убиството во Шиша Бар

Едно лице загина како последица од истрели од огнено оружје вечерва околу 20 часот на улицата „Ц“ во Приштина Веста за KALLXO.com ја потврди портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети.
„Денеска околу 20:00 часот имало дојава за пукање што се случило на улицата „Ц“ во Приштина. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот“, рече таа.
Таа најави дека полицијата продолжува со работа со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање и лоцирање на осомничените во случајот.
Како што претходно објавивме, возилото кое било изрешетано со калашников е со македонски регистарски таблички.
Неофицијално, убиениот е чаирчанецот Д.Б кој бил повратник од Авганистан и Сирија, припадник на Ал Каеда, обвинет за недозволено држење на оружје, избеган од домашен притвор и се шпекулира дека е еден од убијците во двојното убиство во Шиша Бар во скопската чаршија, за што чекаме официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.
Автомобилот со кој Д.Б влегол на косовска територија неофицијално е во сопственост на Д.Т, а границата ја поминал со документација на Д.Т.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово…
Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030…
Курти ги повика лидерите на Вреди на…
Во петок на ифтар лидерите на коалицијата…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…