Непознато лице за “Јутарњи”: Девојката осомничена за убиство на Тот се смееше како да ја апсиме за литар ракија, не за убиство!
Хрватскиот магазин „Јутарњи“ пишува за случајот на Денис Тот, кој го загуби животот откако беше нападнат пред ноќниот клуб „Привилиџ“ минатиот четврток околу 3.30 часот.
Девојката која учествувала во инцидентот, Клементина ги изненадила полициските службеници со нејзиното однесување, како што пренесува хрватскиот медиум.
– Се смееше како да сме ја привеле поради кражба на литар ракија во продавница, а не насилство, им открило неименувано лице на новинарите од „Јутарњи“.
Во моментов сите тројца осомничени за случајот се приведени и наскоро се очекува конечен епилог.