Непрестанато се апсат млади и малолетни за марихуана, а Македонија урива рекорди во увоз
На 27.02.2022 во 20.25 часот во с.Непроштено, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Селце, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.02.2022 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…