Непријатна глетка во строгиот центар на Скопје: Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет
Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.
Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот око.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје за „Макфакс“.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…