Несогласувања меѓу членовите на Анкетната комисија за Онкологија за заклучоците

t

Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Анкетната Комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова Букова, тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети.

По претставувањето на овие заклучоци од Мизрахи, реагираа пратениците членови на СДСМ, кои истакнаа дека не се согласуваат со овие заклучоци оти, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ.  Посочија дека ќе бараат да даде оставка претседателката на Анкетната Комисија Рашела Мизрахи.

Потоа, Мизрахи даде пауза од еден час.

Мизрахи, објаснувајќи ги закличоците, потенцираше дека клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај, како што посочи, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година,  а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство,  како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Мизрахи информира дека мандатот на оваа Анкетна комисија треба да заврши на 3 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Несогласувања меѓу членовите на Анкетната комисија за…

Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Блинкен призна за несогласувањата во Стејт департментот…

Државниот секретар Антони Блинкен призна дека постојат…