Несогласување во ДУИ: Хусеини ја откри лагата на Груби – Не бев разрешен, ми истече мандатот

t

Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби вчера во емисијата 24 Анализа зборувајќи за тоа дека никој не е над законот и дека ги охрабрува институциите да постапуваат секаде кадешто има незаконски работи, се пофали и дека е разрешен директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.

– Се сеќавате кога ме прашавте за Инспекторатот за транспорт, сега директорот веќе не е таму. Тогаш ви кажав дека работиме на негово разрешување, рече Груби во емисијата.

Тој се фалеше дека се постапува по сите наводи и сомнежи кои се изнесени во јавноста и дека секој кој работи незаконски треба да биде санкциониран.

Хусеини пак во изјава за „Фокус“ вели дека не е разрешен, туку му завршил мандатот и ги исполнувал условите за пензија.

-Нема врска со „Беса транс“, туку ми заврши мандатот и имаше објавено оглас, бидејќи ги исполнувам условите за пензија, изјави Хуесини за „Фокус“.

Во јавноста досега нема излезено информација дека Хусеини бил разрешен, туку може да се најде дека пред седум дена е објавен јавен оглас за избор на нов директор.

Државниот пазарен инспекторат е институција која се најде во фокусот на јавноста кога се случи сообраќајната несреќа во Бугарија, кога во автобус на „Беса транс“ загинаа 45 македонски државјани кои се враќаа од Турција преку Бугарија.

Хусеини по несреќата велеше дека не чувствува вина за автобуската несреќа, иако институцијата којашто ја води има надлежност да врши инспекциски надзор над возилата во којшто би се утврдило дека автобусот кој изгоре во Бугарија немал лиценца за меѓународен превоз.

-„Беса транс” се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори, тврдеше Хусеини.

За несреќата засега нема одговрност за ниту една институција иако беа откриени низа пропусти кај компанијата. Истрагата пак во Бугарија покажа дека возачот бил виновен за несреќата, а тој беше еден од 45-те патници кои изгореа во автобусот.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

(Видео) Позната американска новинарка го “нокаутираше” Западот:…

Американска новинарка го нокаутираше Западот со изјава…

Несогласување во ДУИ: Хусеини ја откри лагата…

Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби вчера во емисијата…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…