Неспоивост на функции – Џафери и министрите кои се пратеници веднаш да заминат од владата, велат од ДКСК

t

Техничкиот премиер Талат Џафери и дел од министрите кои станаа пратеници веднаш да си заминат од Владата.

Ова го велат од Антикорупциската комисија изразувајќи загриженост за почитувањето на уставниот поредок и начелото на поделба и контрола на законодавната над извршната власт

Џафери уште на конститутивната седница призна дека се наоѓа во судир на интереси, но протолкува дека нема да има проблем ако тоа остане така.

Менталниот склоп на Џафери е неспоив со демократијата. Вака вчера реагираше на социјалните мрежи професорот по уставно право – Денис Прешова.

Тој го обвини Џафери за ароганција и силеџиство и го повика Собранието веднаш да постапи.

„Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара“ – напиша Прешова на социјалните мрежи.

Тој смета дека доколку Џафери не си поднесе оставка, Собранието треба да констатира дека му престанал пратеничкиот мандат.

Во слична ситуација како актуелниот технички премиер се уште неколку министри – Бисера Костадиновска Стојчевска, Славјанка Петровска, Илир Демири, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски и Благој Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…

Владата вели дека не го именувале Ибрахим…

„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…