Несреќна изјава на Пандов: Наместо да пријави во МВР, чекал избегани затвореници да се вратат во Шутка!

t

Повеќе од 10 затвореници недостасувале синоќа во затворот во Шутка, објави „Press24“.

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов заедно со инспектори од управата цела ноќ биле во затворот. Над 10 затвореници не биле во своите ќелии, па телефонски им било јавувано да се вратат назад.

Пандов во изјава за „Press24“ вели дека освен тоа, утврдени се низа неправилности. Деталите за тоа ќе ги објави в понеделник

-Над 10 затвореници не беа во своите ќелии. За мене неверојатно, но вистинито. Јас не бев таму сам, бев со инспекторки од УИС. Направен е записник. Дел од нив преку телефон биле информирани и во одреден период после час, два, се појавуваа некои од нив. Јас колку што сум информиран сабајле во полиција е пријавено само едно, ама беа многу повеќе од 10. Не беше едно, тоа едно лице веројатно ниту сабајле се нема појавено, па затоа едно е пријавено во полиција од страна на Затворот Скопје, вели Пандов.

Чудно, но вистинито. Наместо Пандов, како (незаконски назначен) в.д директор на УИС веднаш да преземе мерки и да ги извести надлежните органи дека во затворот недостасуваат затвореници, односно истите избегале, тој ги чекал да се вратат. Така од над 10 исчезнати затвореници, на крај останал само еден кој не се вратил.

Второ, се поставува прашањето, кој ги информирал „исчезнатите“ да се вратат? Доколку тоа биле останатите затвореници, дали на Пандов не му текнало дека тие лица не смеат да имаат телефони во затворот?

Дали Пандов или било кој од УИС го известил МВР дека има затвореници кои се практично избегани и дали оние кои се вратиле, откако некој ги барал на телефон, се некако санкционирани, согласно законските прописи?

Ова е крајно сериозен случај, но и крајно непрофесионално однесување на Пандов како в.д директор, а и на останатите вработени во Управата за извршување на санкции кои мораат да работат согласно Закон, не согласно желбиде на директорот.

И за крај, можеби треба да се проверат затворите, па да се види колку и како затвореници „исчезнуваат“ од затворите и си прават екскурзии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…

Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…

Путин: Западот „си пукаше во нога“ со…

Ограничувањата ефективно доведоа до тоа Русија да…

Унгарија има услов за да го тргне…

Унгарија ќе стави вето на дванаесеттиот пакет…

Мишустин: Западните санкции ја воскреснаа руската индустрија

Ограничувањата и санкциите го поттикнаа развојот на…