Објавено на:

Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар кој го предаде Израел!

t

Во невиден личен напад, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека австралискиот премиер Ентони Албанезе бил „слаб“ политичар кој „го предал Израел“ и „ја напуштил“ еврејската заедница во неговата земја, во услови на ескалација на дипломатската криза меѓу двете нации.

Во изјава на англиски јазик објавена на неговиот официјален профил на X, Нетанјаху рече: „Историјата ќе го памети Албанезе каков што е: Слаб политичар кој го предал Израел и ги напуштил австралиските Евреи“.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид го критикуваше Нетанјаху, велејќи дека светските лидери се зајакнуваат од јавни расправии со „политички токсичниот“ израелски лидер и дека премиерот му дал на Албанезе „подарок“ со својот напад.

„Она што најмногу го зајакнува лидерот во денешниот демократски свет е конфронтацијата со Нетанјаху, политички најтоксичниот лидер во западниот свет“, напиша Лапид на X.

„Не е јасно зошто Биби брза да му го даде овој подарок на австралискиот премиер“.

Нападот на Нетанјаху дојде откако Канбера ѝ забрани на крајнодесничарската пратеничка на религиозниот ционизам, Симча Ротман, да ја посети земјата, што го поттикна министерот за надворешни работи Гидеон Саар да објави одземање на визите за престој на претставниците на Австралија во Палестинската самоуправа.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг го критикуваше потегот, велејќи дека одземањето на визите на дипломатите е „неоправдана реакција“ од страна на Израел.

„Во време кога дијалогот и дипломатијата се потребни повеќе од кога било, Владата на Нетанјаху го изолира Израел и ги поткопува меѓународните напори за мир и решение за две држави“, рече таа во соопштението. Австралија и Израел се повеќе се во конфликт откако Канбера објави дека ќе ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН во септември. Австралиската влада во понеделник ја откажа визата на Ротман, член на владејачката коалиција, неколку часа пред да замине на својата посета. Ротман требаше да зборува на настани организирани од Австралиското еврејско здружение. Часови подоцна, Саар рече дека ги одзел визите на претставниците на Австралија во Палестинската самоуправа.

„Исто така, ѝ наложив на израелската амбасада во Канбера внимателно да ја испита секоја официјална апликација за австралиска виза за влез во Израел“, рече тој. „Ова следи по одлуките на Австралија да признае „палестинска држава“ и во контекст на неоправданото одбивање на Австралија да издаде визи на голем број израелски личности.“

Во понеделник, Саар, во разговор со произраелската австралиска новинарка Ерин Молан, рече дека постапките на австралиската влада се „срамни“ и „неприфатливи“. „Наместо да се борат против антисемитизмот во Австралија како што треба, тие го прават спротивното. Тие го поттикнуваат антисемитизмот со оваа луда одлука да го забранат влезот во Австралија на израелски политичари и други личности без оправдување“, рече тој.

Тој додаде дека тврдењето на Австралија дека забраната е донесена од грижа за јавниот ред и чувствата на муслиманското население е „тотално лажно и целосно исклучено од сè рационално. Австралиската влада е на многу, многу погрешен пат.“

Амбасадорот на Израел во Австралија, Амир Маимон, во вторникот за израелскиот јавен радиодифузер Кан изјави дека потегот е нелегитимен, велејќи дека Австралија ја поништила визата откако веќе била издадена, потег против кој протестираше австралиската опозиција.

„Еврејската заедница е загрижена“, рече тој, зборувајќи за израелско-австралиските односи. „Моите претходници ми кажаа дека односите се засновани на пријателски темели, но откако Лабуристичката партија победи [на последните избори], имаше ерозија, а од 7 октомври имаше драматичен пораст на антисемитизмот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар…

Во невиден личен напад, премиерот на Израел,…

Израелската актерка Гал Гадот ги поддржа семејствата…

Израелската актерка Гал Гадот во неделата се…

Нетанјаху: Оние кои повикуваат на прекин на…

Додека Израелците низ целата земја ги блокираат…

(Видео) Најмалку 25 демонстранти се уапсени –…

Израелската полицијата соопшти дека утрово уапсила 25…

Израелски функционери ги обвинија демонстрантите што бараат…

Министерот за финансии на Израел, Безалел Смотрих,…