Објавено на:

Нетанјаху го обвини Ердоган дека поддржува тероризам: Нема да ги слушаме твоите предавања!

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека го поддржува тероризмот, велејќи дека Израел нема да ги слуша неговите предавања.


Претходно, Ердоган рече дека „илјадници адвокати“ се обраќаат до меѓународниот кривичен суд во Хаг во врска со геноцидот што наводно го извршил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека турските власти ќе ги преземат сите неопходни чекори за да го изведат Нетанјаху пред лицето на правдата. Ердоган, исто така, го нарече Израел терористичка држава која спроведува стратегија за целосно уништување на градот заедно со неговите жители со намерно гаѓање училишта, џамии, цркви, болници и пазари.

„Морам да кажам дека светот денес е поделен на два табора – оние кои го поддржуваат Израел и неговата праведна војна против тероризмот на Хамас, и оние кои го поддржуваат тероризмот на Хамас… има сили кои го поддржуваат теророт, а еден од нив е турскиот претседател Ердоган“. Тој го нарекува Израел терористичка држава, но во реалноста ја поддржува терористичката држава Хамас“, рече Нетанјаху.

Според Нетанјаху, Израел нема да ги слуша „предавањата“ на лидерот кој „бомбардирал турски села“ во својата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…

Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…

Ердоган го покани Трамп да ја посети…

Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…

Невозможен е праведен свет со Америка во…

Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“

Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…