Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече на американскиот претседател Џо Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас би била добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на десет заложници дневно од Газа.

-Вечерва вративме уште една група заложници, жени и деца и трогнати сме од се срце, целата нација, кога го гледаме ова семејно обединување. Тоа само ја допира душата. Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено, рече Нетанјаху.

Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…