Објавено на:

Нетанјаху: Денес нападнавме ирански петрохемиски фабрики, ќе ги продолжиме нападите

t

Иранската новинска агенција Тасним објави дека утрово биле погодени неколку објекти во специјалната петрохемиска зона Махшар во покраината Хузестан во видео обраќање изјави дека израелските сили денес нападнале ирански петрохемиски фабрики.

„Откако уништивме 70 проценти од нивниот капацитет за производство на челик, кој се користи како суровина за оружје што се користи против нас, денес ги нападнавме нивните петрохемиски фабрики“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.

Во видео обраќање објавено кратко по завршувањето на еврејскиот Сабат, Нетанјаху рече дека Израел ќе продолжи силно да го таргетира Иран.

„Тие две работи ја претставуваат нивната машина за пари, со која ја финансираат својата терористичка војна против нас и против светот. Ќе продолжиме да ги таргетираме, како што ветив“, заклучи Нетанјаху.

Најмалку пет лица се повредени во денешните воздушни напади врз петрохемиска зона во југозападен Иран, извршени од израелските сили, објавија иранските медиуми.

Иранската агенција „Тасним“ објави дека утрово биле погодени неколку објекти во специјалната петрохемиска зона Махшар во покраината Хузестан.

Во извештајот се додава дека е оштетен и петрохемискиот комплекс Бандар Имам, кој работи во рамките на зоната.

Заменик-гувернерот на покраината Хузестан, Валиолах Хајати, изјави за „Фарс“ дека во нападите биле погодени три компании во областа.

Хајати за „Тасним“ изјави дека обемот на штетата сè уште не е утврден.

Израелски безбедносни извори потврдија за „Тајмс оф Израел“ дека нападите биле извршени од страна на израелските воздухопловни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Денес нападнавме ирански петрохемиски фабрики, ќе…

Иранската новинска агенција Тасним објави дека утрово…

Пет земји од ЕУ бараат воведување данок…

Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија упатија…

(Видео) Имате или немате пари да ни…

Инцидент се случи на денешната трибинина со…

Вучиќ пак во главна улога: премиерската фотелја…

Александар Вучиќ повторно ја отвори можноста да…

Големите сили го запреа планот за употреба…

Иран побара од Русија да го блокира…