Објавено на:

Нетанјаху: Либан дека ќе ја доживее судбината на Газа ако не го отфрли Хезболах

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика либанскиот народ да го отфрли Хезболах за да избегне уништувања и страдања видени во Газа. Тој се обрати откако Израел објави дека ја проширува својата копнена офанзива против Хезболах, испраќајќи дополнителни трупи во нова зона во југозападниот дел на Либан.

„Имате можност да го спасите Либан пред да падне во амбисот на долга војна која ќе води до уништувања и страдања какви што видовме во Газа. Затоа ви велам, ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може војната да заврши“, кажа Нетанјаху во своето видеообраќање.

Тој рече дека Израел го убил не само лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, туку и неговиот веројатен наследник Хашем Сафиедин, што групата досега не го потврдила.

Наспроти тврдењата на Израел дека Хезболах е скршен и поразен, заменик-лидерот Наим Касем вчера инсистираше дека групата ќе ги надмине последните болни удари и дека нејзините капацитети за војување се добро. Тој исто така кажа дека ги поддржува либанските напори да се постигне примирје и за првпат не го услови тоа со крајот на војната во Газа.

Откако вчера ги прошири копнените операции, Израел сега дејствува со четири дивизии во Либан, кои бројат вкупно 15.000 војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Либан дека ќе ја доживее судбината…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика либанскиот…

Дачиќ вели: Посебна чест ми беше средбата…

За време на еднодневната возвратнa посета на…

ЕКСПЛОДИРА ВОЗ ВО СТРАЗБУР: Превезувал пратеници од…

Денеска во Стразбур се случи експлозија во…

(Видео) Украински функционер од партијата на Зеленски…

Државното биро за истраги (СБИ) објави дека…

Парите од унгарскиот кредит ќе се користат…

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис…