Нетанјаху објави дека Израел планира да ја прошири претстојната офанзива надвор од градот Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја објави намерата на Израел да ја прошири претстојната офанзива надвор од градот Газа, до последните области што сè уште не се под израелска контрола и каде што повеќето од двата милиони жители побарале засолниште поради гладот што се заканува на енклавата, додека Асошиејтед прес известува дека мобилизацијата би можела да трае со недели.
Се очекува мобилизацијата на силите да трае со недели, а Израел можеби ја користи заканата од поширока офанзива за да се обиде да изврши притисок врз Хамас да ослободи повеќе заложници или да се предаде по 22 месеци војна предизвикана од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, објави АП.
Секое проширување на израелските операции веројатно ќе донесе повеќе смрт и уништување на територијата разурната од војна, од која околу 75% е веќе во голема мера уништена и под израелска контрола. Пошироката офанзива, исто така, би принудила повеќе луѓе да избегаат и дополнително би го нарушила доставувањето хуманитарна помош за време на тешка криза со глад, соопшти американската агенција во анализа.
Плановите, како што се вели, предизвикаа и контроверзии во Израел, каде што семејствата на преостанатите заложници стравуваат дека уште една воена ескалација би можела да ги осуди нивните роднини, додека поранешни високи безбедносни претставници рекоа дека има малку што може да се добие воено.
Израел минатата недела објави планови за преземање на градот Газа, каде што веќе изврши големи напади и тешко бомбардирање за време на војната. Во неделата, Нетанјаху на прес-конференција изјави дека операцијата ќе се прошири на „централните кампови“ и пошироко.
Се чинеше дека тој се осврнува на камповите Нусеират и Буреиџ во централна Газа кои датираат од војната во 1948 година со која се создаде Израел.
Нетанјаху ги нарече градот Газа, централните кампови и Муваси – огромна група кампови за раселени лица по должината на брегот кои се упоришта на Хамас. Овие области, заедно со централниот град Деир ел-Балах, се единствените делови од Газа кои не се речиси целосно уништени во претходните израелски операции. Тие се исто така области каде што Хамас може да држи заложници во тунели или други тајни локации, според Асошиејтед Прес.
Израелскиот функционер, кој зборуваше под услов на анонимност за да разговара за аспектите на плановите што не се објавени јавно, рече дека операцијата нема да започне веднаш и дека ќе биде потребно значително време за да се прошири. Еден показател би бил потенцијалната мобилизација на илјадници резервисти, истакнува Асошиетед прес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху објави дека Израел планира да ја…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја објави намерата…
Нетанјаху: Да сакавме да извршиме геноцид во…
Премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението дека…
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…
Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…
Ердоган: Одлуката на Израел за воена контрола…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски…