Објавено на:

Нетанјаху објави листа: За ова не може да се преговара со Xамас!

t

Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува за Каиро и за Доха, каде ќе се разговара за ослободување на израелските заложници, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху објави четири точки за кои не може да се преговара со Хамас.

Меѓу четирите израелски барања наведени од кабинетот на Нетанјаху, првото е дека секој потенцијален договор мора „да му дозволи на Израел да се врати во борбите додека не ги постигне сите цели на војната“.

Исто така, договорот да не дозволи шверц на оружје од Египет во Појасот Газа, како и „враќање на илјадници вооружени терористи на северот на Појасот Газа“.

Четврт услов е планот со кој Израел може да ги врати заложниците да не ги загрози другите цели на војната.

Условите на Нетанјаху, во клучната фаза пред продолжувањето на преговорите предизвика огорченост во Израел, но и кај преговарачите, при што некои го обвинија премиерот дека се обидува да го саботира досега тешко постигнатиот напредок.

Обновените разговори за ослободување на заложниците во Египет и во Катар уследија откако Хамас на 6 јули соопшти дека е подготвен да разговара за тоа прашање, како и за крај на војната во Појасот Газа, без претходно да побара од Израел да се обврзе на „целосен и траен прекин на огнот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

МОСАД објави: Убиeн е шефот на военото…

Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…