Нетанјаху: Палестинска држава нема да има
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да има палестинска држава откако таа денеска беше призната од Велика Британија, Австралија и Канада, што ќе го следат и други држави на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации.
„Имам порака до лидерите кои ја признаа Палестина по ужасниот масакр на 7 октомври 2023: тоа нема да се случи. Палестинска држава нема да се формира западно од реката Јордан“, кажа Нетанјаху, обвинувајќи ги трите држави дека го наградуваат Хамас со својата одлука.
Нетанјаху ќе одржи говор пред Генералното собрание в петок, по што ќе патува за Вашингтон на средба со Доналд Трамп. Признавање на Палестина најавија и Белгија, Франција, Луксембург, Португалија, Малта, Нов Зеланд и Лихтенштајн.
Тој кажа дека постоењето на палестинска држава ќе го загрози опстанокот на Израел и дека мир мора да се постигне преку сила.
„Велика Британија и формално ја признава Државата Палестина за да ги оживее надежите за мир и за решението со две држави. Човечки предизвиканата хуманитарна криза во Газа достигна нови длабочини. Немилосрдното и засилено бомбардирање на Газа од страна на израелската влада, офанзивата во последните недели, гладот и уништувањето се апсолутно неподносливи“, кажа британскиот премиер Кир Стармер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема…
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Стармер денеска официјално ќе го објави признавањето…
Британскиот премиер Кир Стармер денеска попладне, се…
Најмалку 91 Палестинец загинаа во израелските напади…
Израелската армија вчера ги продолжи нападите врз…
Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но…
Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…