Објавено на:

Нетанјаху: Подготвен сум да трпам лични напади заради безбедноста на Израел

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја објасни својата одлука да објави видео во кое ги критикува САД за задржување на испораките на оружје, велејќи дека тоа го направил јавно дури откако напорите за решавање на проблемот тивко пропаднале.

На состанокот на владата Нетанјаху нагласи дека ја почитува поддршката на американскиот претседател Џозеф Бајден за време на војната, но оцени дека пред четири месеци имало „драматичен пад“ на испораката на оружје.

„Веќе неколку недели апелиравме до нашите американски пријатели да ги забрзаат испораките. Го правевме тоа одново и одново. Тоа го направивме во повисоките ешалони и на сите нивоа и сакам да нагласам дека тоа го правевме во приватни околности. Добивме секакви објаснувања, но не добивме една главна работа, а основната ситуација не е променета“, додаде Нетанјаху, пренесува Бета.

Тој рече дека пристигнале одредени производи, но дека повеќето од оружјето не пристигнале.

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант денеска во Вашингтон ќе се сретне со највисоките американски претставници и ќе разговара за тоа.

Нетанјаху објасни дека решил да даде јавна изјава по неколку месеци без никаква промена на ситуацијата и дека долгогодишното искуство го научило дека тоа е клучот за деблокирање на помошта, пренесоа израелските медиуми.

Тој рече дека очекува критики по објавувањето на видео пораката, како што се случи со неговото јавно противење на нуклеарниот договор на големите сили со Иран од 2015 година.

Подготвен сум да трпам лични напади заради безбедноста на Израел“, рече израелскиот лидер и изрази надеж дека прашањето наскоро ќе биде решено.

Белата куќа во четвртокот објави дека изјавите на израелскиот премиер за забавување на испораката на американско оружје за Израел не се точни.

„Беше збунувачки, во најмала рака, секако разочарувачки, особено ако се земе предвид дека ниту една друга земја не прави повеќе за да му помогне на Израел да се одбрани од заканата на Хамас“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Државниот секретар Ентони Блинкен објасни дека САД сигурно ќе продолжат да ги прегледуваат испораките на тешки бомби за Израел, кои се суспендирани поради стравувањата дека би можеле да се користат во Рафах, но дека другите испораки на помош се спроведуваат нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…