Објавено на:

Нетанјаху: Политиката на Израел – не чекаме закана, туку ја спречуваме

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава за израелската јавност се осврна на неодамнешните настани на северната граница со Либан.

Според написите на локалните медиуми, по проценката на ситуацијата во воениот штаб во Тел Авив, Нетанјаху изјавил:

– За оние кои сè уште не разбираат, сакам да ја разјаснам политиката на Израел – не чекаме закана, туку ја спречуваме. Секаде, на кој било фронт, во секое време. Ги елиминираме нивните високи личности, ги елиминираме терористите, ги елиминираме проектилите – и не запираме, рече Нетанјаху.

– Кој ќе се обиде да ни наштети, ние го удираме уште посилно. Ветив дека ќе го промениме безбедносниот баланс, односот на силите на север – и тоа го правиме. Ние уништуваме илјадници проектили и ракети насочени кон Израел, кон градови и граѓани. Пред нас се сложени денови. Барам две работи од вас, граѓани на Израел: прво, следете ги упатствата на командата на домашната стража, бидејќи тоа спасува животи, и второ, застанете заедно со решителност, одговорност и, се разбира, трпение, рече Нетанјаху, пренесуваат медиумите во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Политиката на Израел – не чекаме…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава за…

Изpаелската војcка: Погодени се околу 800 цели…

Израелската армија денеска соопшти дека погодила околу…

Израелската војска соопшти дека погодила „илјадници“ ракетни…

Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили…

Трамп: Ако не победам на изборите, Изpаел…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека…

Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја…

Генералното собрание на ОН денеска со големо…