Нетанјаху по терористичкиот напад во Ерусалим: Во моментов сме во „интензивна војна на неколку фронтови“
Премиерот Бенјамин Нетанјаху пристигна на местото на терористичкиот напад во Ерусалим, наведувајќи дека Израел во моментов е во „интензивна војна на неколку фронтови“, во изјава заедно со министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кратко по нападот што се случи во понеделник наутро.
Најмалку шест лица беа убиени, а десетици беа ранети откако терористите отворија оган врз цивили на раскрсницата Рамот во Ерусалим.
„Ние сме во интензивна војна против теророт на неколку фронтови. Сакам да упатам сочувство до семејствата на загинатите и до ранетите“, рече Нетанијаху на местото на нападот. „Во тек е потера и опколување на селата од кои дојдоа терористите. Едно од лицата што го уби терористот беше ултраортодоксен војник од бригадата Хашмонаим“, додаде Нетанијаху.
„Овие убиства, овие напади, на сите фронтови, не нè ослабуваат. Тие само ја зголемуваат нашата решеност да ги завршиме мисиите што ги презедовме, во Газа, во Јудеја и Самарија, насекаде“, изјави Нетанијаху.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху по терористичкиот напад во Ерусалим: Во…
Премиерот Бенјамин Нетанјаху пристигна на местото на…
Најмалку шест лица се убиени, над 20…
Најмалку шест лица беа убиени, а 22…
Шпанија планира целосно ембарго за оружје врз…
Шпанија планира да одобри целосно и непосредно…
Ако Франција ја признае Палестина Макрон нема…
Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон…
Папата се сретна со израелскиот претседател: Ватикан…
Претседателот на Израел, Исак Херцог се среќава…