Нетанјаху: Срамна одлука на британската Влада да прекине дел од извозот на оружје за Израел

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека британската Влада донела „срамна одлука“ да суспендира дел од дозволите за извоз на оружје наменето за Израел.

Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами вчера најави дека Велика Британија ќе суспендира 30 од вкупно 350 дозволи за извоз на оружје наменето за Израел.

Одлуката уследи откако новата лабуристичка влада соопшти дека открила дека постои „јасен ризик“ британското оружје да се користи за сериозно прекршување на меѓународното право поврзано со третманот на палестинските затвореници и испораката на помош во Газа.

Британските медиуми јавуваат дека овој владин потег доаѓа само еден ден откако израелските сили ги открија телата на шестмина заложници убиени во тунел во Газа.

Нетанјаху додаде дека одлуката нема да ја промени решеноста на Израел да го победи Хамас, геноцидната терористичка организација за која рече дека на 7 октомври минатата година дивјачки уби 1.200 луѓе.

Израелскиот премиер додаде дека оваа погрешна британска одлука само ќе го охрабри Хамас.

-Со или без британско оружје, Израел ќе победи во оваа војна и ќе ја обезбеди нашата заедничка иднина, рече тој.

Лами по победата на општите избори на лабуристите рече дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на сојузникот Израел за да се осигура дека тие се усогласени со меѓународното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Срамна одлука на британската Влада да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Трамп: „За влакно“ изгубив од Бајден во…

Поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат…

ОВА СЕ НАЈИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЗНАЦИ – Тврдат астролозите

Земјените знаци покажуваат практична интелигенција, додека огнените…

Лајен: Се очекува да има 10 жени…

Во следниот состав на Европска комисија се…

„Исклучена е можноста дека се самоубил“: 3…

Милан Ѓорѓевиќ од Ниш исчезна на 10…