Нетенјаху: Ако падне Израел, следна е Европа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на земјата против палестинската група Хамас не е „локална битка“ и посочи дека ако Израел не победи, „никој нема да биде безбеден“.
„Нашата победа ќе биде ваша победа. Ако падне Блискиот Исток, Европа е следната. И никој нема да биде безбеден“, рече Нетанјаху за време на состанокот со десетици странски амбасадори во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.
Според овој портал, Нетанјаху зборувал за теми кои ги претставуваат основите на неговиот наратив за време на војната меѓу Израел и Хамас.
„Оската на теророт е предводена од Иран, а ја сочинуваат и Хезболах, Хамас, Хутите и нивните други слуги. Тие бараат да го вратат Блискиот Исток и светот во мрачниот век. Тие се обидуваат да не торпедираат, да го нарушат секој напредок кон мирот“, рече тој.
Тој посочи дека Израел, откако ќе го „уништи Хамас“, на жителите на Газа ќе им понуди „вистинска иднина, полна со ветувања и надежи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…
По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…