„Нетфликс“ наскоро нема да работи на овие телевизии

t

Почнувајќи од 24 јули 2024 година, „Нетфликс“ ќе престане да нуди поддршка за својата апликација на повеќе од 10 модели на телевизори произведени во 2014 година.

Оваа мерка следи по претходната имплементација која влијаела на уредите произведени помеѓу 2011 и 2013 година, со цел да се оптимизираат перформансите на поновите уреди.

Нетфликс тврди дека оваа одлука е неопходна, за да се подобри корисничкото искуство и да се фокусира на уреди со поактуелни технички карактеристики. Телевизорите произведени во 2014 година, веќе немаат капацитет да поддржуваат нови ажурирања на платформата и функционалноста. Меѓу засегнатите модели се неколку серии на „Сони“, популарни по нивниот квалитет на сликата и дизајнот. Некои од нив се:

-Серија X83
-Серија S9
-Серија W5
-Серија W6
-Серија W7
-Серија W70
-Серија X80
-Серија W85
-Серија W95
-Серија X85
-Серија X9
-Серија X95

За сопствениците на овие телевизори постојат алтернативи кои им овозможуваат да продолжат да пристапуваат до платформата за стриминг без да мора да купат нов телевизор. Опциите вклучуваат надворешни уреди како „Амазон Фајр Стик“, „Гугл Хромкаст“ и „Року“, кои овозможуваат пренос преку ХДМИ-портот на телевизорот. Друга опција е директен пренос од мобилен уред преку вај-фај мрежа, користејќи функции како што се „прегледување на екранот“.

Постојаната еволуција на платформите како „Нетфликс“, вклучува носење одлуки кои може да бидат непријатни за некои од неговите корисници, кои плаќаат за да ги користат. Сепак, овие видови мерки се наменети за подобрување на квалитетот на услугата на повеќето уреди. Другите платформи за стриминг, исто така, често ги ажурираат своите технички барања, намалувајќи ја поддршката за постарите уреди.

Извор: n1info.hr

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…