Неформална средба на Вучиќ со Ковачевски на отворањето на Генералното собрание на ОН
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски со делегациите имаа неформална средба на отворањето на Генералната дебата во седиштето на ОН во Њујорк, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ и Ковачевски се во седиштето на ОН, каде заедно со министрите за надворешни работи Никола Селаковиќ и Бујар Османи остварија средба. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, пред почетокот на 77. сесија на Генералното собрание на ОН, соопшти Вучиќ заедно со фотографија од средбата.
– За нас е исклучително важно да бидеме денес во Њујорк, не само затоа што светот се наоѓа во преломни времиња во модерната историја, туку и затоа што долго време немаше толку многу шефови на држави и претставници на земји членки во Собранието на ОН, објави Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.
Вучиќ се сретна и со други лидери меѓу кои и со премиерот на Албанија Еди Рама.
Краток поздрав при средбата со мојот пријател@ediramaal на маргините на отворањето на #UNGA77 и можност да се размена на првите впечатоци од овој важен настан, но и да се направат планови за заеднички настапи на состаноци за време на #UNGA2022, Отворен Балкан е иднината на нашиот регион, напиша Вучиќ.
Според последните измени на списокот на говорници на Генералната дебата на ОН, Вучиќ ќе зборува на 21 септември во попладневната сесија како деветти говорник, околу 18 часот по американско време, а пред него, преку видеопорака ќе зборува претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…