Не биле Европејци кога не им е од корист: Бугарија нема да поддржи санкции за руското нуклеарно гориво

t

Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА.

Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето – нагласи Радев.

По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да обезбеди вооружување од резервите на бугарската армија.

-Се надевам дека владата ќе покаже разум во иднина да не го дозволи ова. Тоа е крвава војна, сè помалку слушаме гласови за мир, слушаме повици за победа без никој да може да дефинира што значи победа, додаде тој.

Радев најави дека со средства од ЕУ ќе предложи пилот проект за заштита на бугарската граница. – Ние инвестираме голем дел од нашиот буџет и во граничната инфраструктура и во системите за технички надзор… Но, нашите ресурси се недоволни, истакна Радев.

Според него, во последните месеци се направени напори за поголема солидарност и поддршка за сите земји на првата линија на надворешните граници на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…