Објавено на:

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“ – запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

t

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

Се верува дека шест лица барани по уривањето на мостот во Балтимор не преживеале, изјави службеникот на крајбрежната стража Шенон Гилрет, пренесува Гласот на Америка.

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“, рече Гилрет.

Помеѓу шесте лица по кои се трагаше во реката Патапско има и работници за поправка на мостови од Мексико и Гватемала, јавува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, несреќата се случила вчера, кога еден од столбовите на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор бил погоден од голем товарен брод, по што се урнал дел од мостот. Луѓе и автомобили паднале во водата од висина од 50 метри.

Две лица се спасени вчера од водата, чија температура во моментот на падот била околу -1 степен.

Американските медиуми јавуваат дека товарниот брод „Дали“ под сингапурско знаме, кој удрил во мостот, бил вклучен во уште еден инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.

Си-Ен-Ен објави дека од 2018 година, бродовите управувани од Синерџи Марин Груп, компанијата што управуваше со Дали, биле вклучени во најмалку три фатални инциденти.

Американската крајбрежна стража претресува десетици оштетени контејнери, за кои се верува дека содржат потенцијално опасни материјали, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани официјални лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Жена од Македонија загина во тешка…

Во страшна сообраќајка што вчера се случила…

(Видео) Трагедија: Маж почина откако го урдила…

Маж од Тексас починал откако бил погоден…

ТРАГЕДИЈА! Тригодишно дете почина во дворот на…

Тригодишно дете почина денес околу 17 часот…

20-годишно момче од радовишко настрада по удар…

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа…