Не викајте по пумпашот, тој работи за 5 денари! Колку пари зема државата од секој наточен литар дизел гориво?
Малопродажната цена на дизелот е како народната мудрост за сармата… Во оваа сарма месото е за државата, а зелката е за сопствениците на бензинските пумпи… фер ли е? Проценете сами! Само да знаете дека од 110 денари за наточен литар бензин 71 денар одат надвор од земјава да се плати горивото, речиси 33 денари зема државата, а 5 денари добива газдата на бензинската пумпа и со нив треба да плати режија, даноци, плати и придонеси. Не е чудо што има бензински пумпи кои нудат самопослужување со пониски цени на горива, мора да се преживе…
Данокот и акцизата од секој продаден литар гориво се значаен приход од кој чека и на него смета секој планер на државен буџет. Дали знаете колку пари од секој продаден литар зема државата преку данок, акциза, давачки и такси?
Навистина нема никаков основ за овие цени да им се лутиме, да ги кривиме или да им завидуваме на бензинските пумпи, пумпашите, газдите или акционерите на фирмите кои се во трговијата со горива. Затоа што нивните приходи ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според најновата и актуелна одлука на РКЕ која е на сила од 22 јуни годинава државата зема 30 отсто од парите што ги плаќате за секој наточен литар дизел гориво на нашите бензински пумпи. Од платените 110 денари за секој наточен литар на државата и плаќате 33 денари односно 30 отсто од тие 110 денари.
И затоа не му се лутете на пумпашот оти тој задржува само 5 денари од тие 110 денари што ги плаќате за секој купен литар. А државата преку акцизата, ДДВ, еколошката такса и давачката за државни нафтени резерви зема 33 денари.
А пумпашот, односно сопственикот на бензинската пумпа од тие 5 денари за продаден литар треба да плати: струја, комуналии, плати, персонален данок и придонеси, данок на добивка, одржување, да покрие амортизација и да му остане за ново вложување…
Според последната одлука на РКЕ најмногу 71,3 денари за литар се наменети за да се плати увозот на нафтени деривати.
Да, и за транспортерот односно газдата на цистерната што ја вози нафтата до пумпата се наменети 0,95 денари за литар…
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика,…
Од полноќ поевтинува дизелот
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…
(Видео) Дрон крена во воздух големо складиште…
Украински беспилотно летало разнесе голем магацин за…
Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…
Компромисот во блокот е попречен од подемот…
Цистерни со вода, храна и гориво влегуваат…
Израелските власти објавија дека четири цистерни со…