„Не грее ли Сонцето еднакво за сите?“ – Како Свети Кирил го бранеше јазикот пред „тријазичниците“

t

Браќата Кирил и Методиј, со епопејата на која ретко да и има рамна и меѓу најстраствените заложници на слободата на човечкиот дух, својот придонес го дадоа во борбата за слобода од заборавот и незнаењето. Оти, што друго толку сигурно го чува паметењето, како пишаниот збор, и го пренесува знаењето, како запишаната мудрост!?

Не грее ли Сонцето подеднакво за сите? Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел словенскиот јазик пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи.
Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

„Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа“? А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил: „ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? …

Како голем ерудит, со талент за јазици и дипломатска вештина, од византискиот двор и Цариградската партијаршија Светиот Кирил бил испратен во три историски мисии. Во првата, Арапската кај Сарацените (во денешен Ирак), имал само 24 години. Во втората – кај Хазарите (денешна Русија) и во третата – кај Словените во Панонија и Моравија (денешна Чешка) учествувал заедно со својот најстар брат Методиј.Првите две мисии имале државно-верски карактер, а третата мисија била просветителска. Таму биле испратени од византискиот император Михаил Трети на барање на моравскиот кнез Ростислав. Со неа солунските браќа ги поставиле темелите на словенската култура и просвета.

Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на неговиот роден Солун, кој го знаел од детството, Константин ја составил првата словенска азбука – глаголица со 38 букви

Работата на Светите браќа Кирил и Методиј резултирала со полни цркви, луѓе кои за првпат слушале богослужба на разбирлив јазик.

За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…