Објавено на:

„НЕ ДОЈДОВ НА ВИМБЛДОН САМО ЗА ДА ОДИГРАМ НЕКОЛКУ КОЛА“: Ѓоковиќ ќе донесе одлука пред ждрепката

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро вчера пристигна во Лондон, каде ќе се одржи турнирот Вимблдон.

– Многу сум задоволен од тоа како се одвиваат работите. Сè уште не сум на 100 проценти, но се надевам дека ќе го направам тоа во следните неколку дена. Рехабилитацијата оди во вистинска насока. Ќе донесам одлука врз основа на тоа како ќе се одвиваат работите во следните четири или пет дена. Дали ќе играм само ако сум сигурен дека ќе победам? Секако, не дојдов овде само да одиграм неколку кола. Но, сè уште немам планови да се повлечам од тенисот, така што ова нема да биде мојот последен Вимблдон. Ќе донесам одлука пред ждрепката за да бидам фер кон другите играчи. Се разбира, сè е непредвидливо. Не знам што може да се случи кога турнирот ќе започне – изјави Ѓоковиќ за „Дејли експрес“.

Во почетокот на јуни 37-годишниот Србин успешно го оперираше коленото. Ѓоковиќ заработи повреда на менискусот во четвртото коло на Ролан Гарос каде играше против Аргентинецот Франциско Черундоло. На оваа средба победи во пет сета, но подоцна се повлече од четвртфиналето на турнирот.

Вимблдон 2024 ќе се одржи од 1 до 14 јули во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…