Не е вистина дека лажеме, велат од ИРЛ!

t

Невладината организација Истражувачка репортерска лабораторија, ИРЛ – на која главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска и официјално се виновни за сторена клевета против нашиот клиент правното лице „Б Инженеринг“, се вели во соопштението од адвокатка Бенита Белешкова.

– Основниот суд во Скопје донесе пресуда, која ја потврди Апелациониот суд со која ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се веќе осудени за сторена клевета. Со оваа правосилна пресуда е потврдено дека објавената емисија наречена „Оградена Иднина“ и направена од ИРЛ против П.В. е лажна, невистинита и содржи клеветнички материјали. Формално – ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се осудени дека клеветат.

Укажуваме дека новинарството е чесна и општествено значајна професија доколку се практикува во духот на вистината, секогаш информирање за две или повеќе засегнати страни. Од друга страна, укажуваме дека кога се злоупотребува новинарската професија и кога се шират невистини, станува збор за непрофесионалност која нанесува штета на граѓаните.

Пренесуваме делови од правосилна пресуда против ИРЛ за клевета:

„Се утврдува граѓанска одговорност за сторена клевета на првотужениот Здружение на граѓани – Истражувачка репортерска лабораторија ИРЛ, затоа што на ден 21.05.2020 преку електронскиот медиум на неговата веб страница објавува видео сторија „Оградена Иднина“ и направил клеветење на правното лице Б Инженеринг од Крива Паланка. Судот, исто така утврдил дека ИРЛ каде главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска во нивните текстуални објави на ден 31.05.2020 година на нивната веб страница објавуваат изјава која содржи невистинити факти и претставува клевета во однос на правното лице „Б Инженеринг.“

Како адвокатска канцеларија секогаш и во секоја прилика ќе го поддржуваме професионалното новинарство, но очекуваме дека секогаш и во секоја прилика и судот на истиот начин ќе ги осудува сите клеветнички натписи против граѓани и правни лица“, вели Белешкова.

ИРЛ ги демантира наводите на адвокатката Бенита Белешкова која во име на компанијата „Белешков Инженеринг“ од Крива Паланка и сопственикот Предраг Велиновски, во кои тие тврдат дека емисијата на ИРЛ „Оградена иднина“ била лажна и невистинита.

Судот ги прифати фактите и аргументите на ИРЛ дека тендерот бил спорен, а политичките врски на тужителот му овозможувале да се смислуваат тендери во проекти во кои што тој градел лускузни огради во училишта без тоалети. Судот одби 9 од 10 основи на тужбеното барање, додека единствената грешка којашто ја најде кај ИРЛ е замерка за техничкиот карактер на набавката којашто со ништо не ја промени суштината на аферата во којашто беше вмешана фирмата „Белешков Инженеринг“.

ЛИНК од демантот на ИРЛ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ им дава 5 милиони денари на…

Во рамки на своите заложби обезбедивме донација…

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот…

ЗНМ поднесе претставка до Судски совет за…

ЗНМ барањето го поднело откако на 13…

Не е вистина дека лажеме, велат од…

Невладината организација Истражувачка репортерска лабораторија, ИРЛ –…