Не е добра идеја да се спојуваат ЦУК и ДЗС, вели Оливер Андонов

t

Универзитетскиот професор Оливер Андонов вечерва во „Аргумент плус“ на ТВ „24“ рече дека „кога се зборува за ризици и закани, не треба да се заобиколуваат одговорностите“.

Според него, за катастрофата во Кочани дополнително придонело и непочитувањето на знаењето на стручната фела. Тој зборуваше и за тоа дека Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) не треба да се спојат во една институција, како што се најавува.

„Кога зборуваме за ризици и закани, без разлика на научните достигнувања, не можеме да ги заобиколиме одговорностите кои се темелат на законски обврски. Низ теоријата и праксата излегле тие закони. Дефинирани се и обврските на секоја од институција поодделно. Не само да читаме закони, туку и да ја почитуваме фелата. До оваа катастрофа не доведе непочитувањето на знаењето на тие што учеле. Ние имаме школо за одбрана, имаме воена академија која подготвува луѓе за кризен менаџмент и ние немаме систем во кој луѓето се учат да бидат отпорни. Отпорноста ја чинат граѓаните не само државата“, рече Андонов.

Тој објасни и зошто смета дека ЦУК и ДЗС не треба да се спојат во една институција.

„Најпрво, во Кочани ЦУК има 10 вработени, а ДЗС има еден вработен, ситауцијата треба да е обратна. ЦУК не спроведува мерки за заштита и спасување и нема оперативни сили, ЦУК не треба да има 350 вработени, директорот треба да е стручен човек кој ќе процени ризици, треба да има штабови за управување со кризи. ЦУК И ДЗС треба да бидат посебни тела, а не да се заедно. ДЗС е оперативен орган кој треба да е во состав на МВР, а ЦУК да е посебно. Тоа е владина институција која треба да го намали бројот на вработени“, додаде Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…