Не е на арно за Приштина? Американската делегација на чело со Шоле ја одложи посетата на Косово
Посетата на американската делегација на чело со потсекретарот на американското Министерство за одбрана Дерек Шоле на Приштина, која се очекуваше на 30 и 31 јули, е одложена, објави вечерва „Албаниан пост“.
Како што се наведува, не се познати причините за одложување на посетата.
„Албаниан пост“ пишува и дека посетата на американската делегација на Приштина, која требаше да ја предводи Шоле, имала само една цел – „конечна проценка дали владата на Албин Курти ги гледа САД како партнер во процес на нормализација на Косово и Србија“.
Пред неколку дена медиумите објавија дека Шоле на 30 и 31 јули ќе биде во јужната српска покраина во друштво на сенаторот Крис Марфи и одредени членови на американскиот Сенат за национална безбедност, објави „Косово онлајн“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…