Објавено на:

Не е на арно: Обединети нации предупредуваат од глад кој ќе трае со години

t

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации.

Генералниот секретар Антонио Гутереш рече дека војната ја влошила несигурноста на храна во посиромашните земји поради зголемените цени и предупреди дека светот може да се соочи со глад што ќе трае со години доколку украинскиот извоз не се врати на предвоените нивоа.

Конфликтот го прекина извозот од украинските пристаништа, кои порано извезуваа огромни количини сончогледово масло, како и житарки како пченка и пченица.

Ова ја намали глобалната понуда и предизвика пораст на цените. Според ОН, глобалните цени на храната се за речиси 30 отсто повисоки од истиот период минатата година.

Говорејќи во Њујорк во средата, Гутереш рече дека конфликтот „се заканува да одведе десетици милиони луѓе преку работ и да предизвика недостиг на храна придружен со неисхранетост и масовно гладување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!

Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…

(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…

Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…

Османи: Извештајот на Вајц бара да се…

За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…

Добро е што се усвои извештајот, но…