Објавено на:

Не е ова Македонија: Жена од Хонг Конг заврши во затвор бидејќи ја навредила кинеската химна!

t

Жена која веела британско колонијално знаме за да го прослави златниот олимписки медал на Хонг Конг, стана првата личност во градот што е затворена за навреда на кинеската химна.

Пола Леунг, 42-годишна новинарка, ја призна вината и вчера беше осудена на три месеци затвор. Леунг, која како олеснителна околност наведе дека има аутизам и потешкотии во учењето, вееше знаме во трговскиот центар каде на голем екран беше прикажана церемонијата на доделување медали по победата на Едгар Чеунг на Олимпијадата во Токио во јули 2021 година.

Многу граѓани се собраа на јавни места за да го прослават вториот олимписки златен медал во историјата на Хонг Конг, и првиот во мечување, но ситуацијата малку се вжешти кога на церемонијата беше интонирана кинеската химна; каде некои го изразија своето незадоволство, пишува Си-Ен-Ен.

Хонг Конг, поранешна британска колонија, се претставуваше одвоено од Кина на Олимпијадата и покрај тоа што премина под нејзин суверенитет во 1997 година. Ова беше првпат кинеската национална химна да се свири за време на церемонијата на доделување медали за спортист од Хонг Конг на Олимпијадата.

Кога Ли Лај-шан освои злато за Хонг Конг на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, британската химна беше пуштена и беше подигнато британското колонијално знаме на Хонг Конг. Затоа, продемократските демонстранти знаат како да користат симболи од британската колонијална ера за да покажат отпор на се поцврстиот притисок на кинеските власти.

На пример, тие често го вееја знамето од колонијалната ера на продемократските демонстрации што се одржаа низ Хонг Конг во 2019 година. Откако Кина воведе закон за национална безбедност во јуни 2020 година, имаше помалку јавни протести.

Истиот месец, локалната влада на Хонг Конг донесе закон со кој навредувањето на кинеската национална химна е кривично дело казниво до три години затвор и максимална парична казна од 6.400 долари.

Според законот, граѓаните се должни да се однесуваат „свечено и достоинствено“ кога се свири или пее химната на Маршот на волонтерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…