Не е само клупската сезона, Нејмар ја пропушта и Копа Америка!?
Бразилската суперѕвезда Нејмар доживеа уште една тешка повреда откако на квалификацискиот дуел против Уругвај пред два дена ги скина вкрстените лигаменти на коленото, како и менискусот.
Проценките на докторите се дека паузата на фудбалерот на Ал Хилал ќе трае околу девет месеци што значи дека Нејмар многу веројатно ќе го пропушти следното издание на Копа Америка. Континенталното натпреварување на Јужна Америка (плус шест репрезентации од КОНКАКАФ) ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули 2024 година што е за осум месеци отсега, а тоа не е доволно за Нејмар целосно да заздрави од повредата.
Постојат некои прогнози дека би можел да се врати и за шест месеци, но тие се нереални ако се има предвид дека ова не е прва тешка повреда на Нејмар во кариерата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…