Не е шега: Регистриран прв смртен случај од грип во Хрватска

t

Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени.

Станува збор за средовечен маж кој, како што се наведува, имал и многу други хронични заболувања, а починал на Одделот за инфективни болести на болницата во Славонски Брод.

Доктор Анте Читковиќ, директор на Институтот за јавно здравје во тој град, за ХРТ изјави дека мажот, роден 1958 година, не бил вакциниран против грип, дека со ПЦР тестот е потврден грип, што, како што рече, покажува дека грипот е сериозна и опасна болест.

Според последните податоци од пред две недели, сезонава во Хрватска се регистрирани 1.759 случаи на грип, а лекарите велат дека притисокот е голем и се повеќе граѓани бараат помош.

Инфектологот Горан Тешовиќ рече дека без оглед на клиничкото искуство, релативно е тешко да се разликува грипот од коронавирусот.

Тој вели дека во моментов не може да издвои некои специфични симптоми врз основа на кои би можел да каже дека се работи за грип или ковид.

Иако веќе две години немаше грип, Тешовиќ вели дека смета дека сега на организмот му е потешко да се избори со оваа болест.

– Она што сега го гледаме се вообичаените клинички слики, претежно кај децата. Главно кај децата од предучилишна и училишна возраст, кои имаат некомплицирана форма на грип. Затоа, не гледаме некои особено тешки клинички форми на грип. Првенствено, сè зависи од вирусот. Во овој момент барем кај нашите пациенти доминира грип од типот А, и тоа оној кој предизвикува полесна форма на болеста, вели доктор Тешовиќ.

Тој предупреди дека, како и минатата година, има пациенти кои имаат грип и Ковид во исто време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…

Во хрватското Министерство за наука, образование и…

Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…

Владата на Република Хрватска на седница одржана…

Маж од БИХ скршил рампа на граничен…

Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…

Хрватска ќе ги части пензионерите еднократен финансиски…

Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ…

Ужас во Хрватска: Пронајдени закопани две бебиња,…

Страшен случај ја потресе Хрватска, откако во…