Објавено на:

„Не знаеме што имаше во главата на тоа дете“- Сведоштва на соседите на терористот од Виена со потекло од Македонија

t

Имам големи планови за понатаму, изјавил уапсениот Беран Алији (19), чии родители се по потекло од Македонија, откако на крајот на јули дал отказ за да се подготви за терористичкиот напад на концертот на познатата пејачката Тејлор Свифт во Виена.

Според информации од членови блиски до семејството, осомничениот Беран, кој добил прекар Мухамед, потекнува од Гостивар. По националност е етнички Албанец, но ретко доаѓал во Македонија.

Во Македонија бил кога бил мал а соседите го опишуваат како мирно и воздржано дете кое не правело проблеми, пренесува порталот „24сата.хр“.

– Ги знаеме неговите родители и семејството, но не и него. Роден е во Виена, каде одел на училиште и се понатаму. Доаѓаше овде и порано, но не го паметиме многу добро. Неговите родители не се некакви верски фанатици, навистина не знаеме што се случило – велат соседите, пишува хрватскиот медиум и продолжуваат:

– Тие се религиозни, но ни случајно вака радикални. Тоа навистина не шокираше сите нас. Станува збор за традиционално семејство. Мислиме дека не ни живеел со своите родители. Фала му на Бога што не успеа во своите намери, ќе беше катастрофа. Не знаеме што имало во главата на тоа дете, за да се одлучи за такво нешто.

Соседите велат дека не се радикализирал во Гостивар.

– Не знаеме ни кога почна да се радикализира бидејќи не сме го виделе овде. Не знаеме дали тој се приклучил на некоја група таму. Но, знаеме дека тоа секако не е случај овде во Гостивар. Овде нема радикали, а ако ги има, тие се повлечени во своите домови. Овде живееме во соживот со Македонците, Турците, Бошњаците… Има православни и муслимани. Не станува збор за никаква верска нетрпеливост, стои во текстот на „24сата.хр“.

Генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф, соопштил дека главниот осомничен признал се и детално ги опишал плановите за нападот.

Руф потврдил и дека информациите за нападите ги добиле од тајната служба.

– Запленивме многу материјали за изработка на бомба. Трагаме по останати инволвирани , известил тој.

Како што претходно беше соопштено, Беран планирал да се забие со својот автомобил во толпата народ пред стадионот каде што требаше Свифт да настапи и да активира експлозив.

Според австриските безбедносни сили, по двете апсења, минимизирана е опасноста од конкретната закана, но сепак постои апстрактна закана. Превентивно биле расчистени и куќите во близина на домот на осомничениот, поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не знаеме што имаше во главата на…

Имам големи планови за понатаму, изјавил уапсениот…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Македонец и Србин уапсени во Виена со…

Истрагите на виенската работна група за борба…