„Не и се гледа крајот“: Во Европа бecнee епидемија која нема никаква врска со коронавирусот
Во Европа беснее епидемија која нема никаква врска со коронавирусот, а експертите велат дека „не и се гледа крајот“.
Според Јутарњи лист, ова е најлошата епидемија на птичји грип досега, покажуваат податоците на истражувачкиот институт на германската влада.
„Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа“, соопшти Институтот Фридрих Лофлер (ФЛИ), федерален истражувачки институт во Германија за здравје на животните.
Секојдневно се откриваат нови случаи и не се засегнати само дивите птици, вели институтот и додава: „Не се гледа крај. Засегнатите земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“.
Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.
Само во Германија, 394 случаи се откриени кај диви птици, вклучувајќи патки, гуски, лебеди и галеби, а 46 случаи се пријавени на германски фарми.
Она што е уште позагрижувачко е што случаите се откриени кај цицачите, на пример кај црвените лисици во Холандија и Финска, сивите фоки во Шведска, пристанишните фоки во Германија и видрите во Финска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од грип во Македонија досега починале 14…
Во државава од 11 до 17 месецов…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…
Во Париз епидемија на стеници, жителите вознемирени
Француската влада најави акција во главниот град…
Најава за можен пpecврт во ЕУ: Koвид…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика своите…
Како да препознаете грип, настинка или КОВИД-19?
Научниците велат дека тестирањето е најдобриот начин…