Не кликајте ништо! Се шири измама дека малопродажни компании нудат модерни мобилни телефони по ниски цени!

t

Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните на актуелна измама која се шири преку социјалните мрежи. Станува збор за лажни објави во кои се тврди дека малопродажни компании нудат модерни мобилни телефони по ниски цени, наводно поради „оштетена амбалажа“ или преку „внатрешна програма“.

МВР потенцира дека овие објави имаат за цел да измамат граѓани, наведувајќи ги да кликнат на сомнителни линкови или да споделат лични податоци.

Не кликнувајте на линкови во вакви објави
Не споделувајте лични информации
Не верувајте во „приказни“ што играат на емоции
Компаниите не нудат вакви производи преку тајни канали или социјални мрежи.

Од МВР апелираат – доколку забележите вакви објави, веднаш пријавете ги во најблиската полициска станица. Секторот за компјутерски криминал веќе презема мерки и води постапки по овие случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не кликајте ништо! Се шири измама дека…

Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните…

За 48 часа МВР напиша 1293 казни

Во текот на првите два работни дена…

Земјотрес регистриран во Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија! Синоќа во 23:37…

Гаши е во болница поради преплет на…

Претседателот на Собранието Африм Гаши, е хоспитализиран…

(Видео) Се избрукавме пред цел свет: Спортистка…

Млада спортистка од Шпанија, која престојува во…