Не можеше послатко: Интер е новиот шампион на Италија, со денешната победа над Милан
На пет кола пред крајот на сезоната во Серија А, екипата на Интер официјално е шампион на Италија, вторпат во последните три години и вкупно 20. во историјата.
Не можеше да биде послатко за „нераѕурите“ бидејќи триумфот за титула е остварен во дуелот со најголемиот ривал Милан, во дербито што вечерва се одигра на Сан Сиро. Интер славеше со 2-1 за шеста победа по ред во меѓусебните дуели и +17 во пресрет на последните пет кола од шампионатот. Со ова, Интер изби пред Милан по бројот на титулите бидејќи „росонерите“ останаа на 19, последната освоена во 2022 година.
OCCHI AL CIELO ⭐⭐
SIAMO CAMPIONI D'ITALIA 🇮🇹🖤💙#ForzaInter #IM2Stars pic.twitter.com/a2VRJX0PwM— Inter ⭐⭐ (@Inter) April 22, 2024
Головите за победа на формалниот гостин на овој меч ги постигнаа Ачерби во 18. и Турам во 49. минута. Томори на десетина минути пред крајот ја врати неизвесноста откако намали на 1-2, но Милан немаше сили да се избори барем за бод и да го одложи славјето на својот голем ривал. Во финишот дојде до голема нервоза на теренот, играчите на двете екипи два пати влегоа во масовна тепачка поради што црвени картони добија Тео Ернандез и Калабрија кај Милан и Думфрис кај Интер, но тоа не се одрази на резултатот.
„Црно-сините“ од Милано беа најконстантни во текот на сезоната и заслужено се нови шампиони на Италија. По 33 кола имаат само еден пораз и тоа претрпен од Сасуоло пред крајот на септември на домашен терен. Во 2024 година се уште се несовладани и во последните пет кола ќе се обидат да ја продолжат серијата која трае веќе 28 натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…
Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…