„Не може овластен градежен инспектор со неизвршен инспекциски надзор да е причинител на оваа опасност“ – тврди одбраната на Љупчо Стаменков

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Бранител на обвинетиот Љупчо Стаменков, адвокат Јован Танчев од Кочани:

Длабоко сочувство до семејствата на загинатите деца, а на повредените брзо закрепнување.

Предјавуваме и предлагаме градежно вештачење како доказен материјал, кое ќе даде одговор на повеќе факти кои вештачењето од страна на застапникот на обвинението не ги дава, особено дали има промени во конструкцијата на објектот, на конструктивните елементи. Ова ќе даде одговор кои институции се надлежни за контрола на противпожарна заштита, какви градежни активности се вршени во 2012 година и дали влијаеле на последиците, дали овластен градежен инспектор врши контрола над пренамена на објектите и промена на дејност. Во овој период во Кочани има само двајца градежни инспектори, а ќе покажеме дали градежниот инспектор можел да врши контрола во сите објекти, дополнително што градежниот инспектор од Кочани врши контрола и во општина Виница. Во овој период обвинетиот не можел редовни контроли да врши, камо ли вонредни.

Дали реновирањето е градежна реконструкција, дали градежниот инспектор можел да врши контрола на пренамена од деловен во деловен објект, а според Закон може да врши контрола само доколку има пренамена од станбен во деловен објект.

Одбраната ќе докаже дека осмообвинетиот како 63 годишен човек, без жена и деца за кои би се грижел, не можел да знае дали во тој објект имало дискотека или не, а во претходниот период со години живеел и работел во Скопје. Откако е вработен во Кочани ниту едно физичко или правно лице не поднело претставка за објектот, ниту градоначалникот барал да се врши надзор.

Во однос на кривичното дело истиот не може да биде сторител на кривично дело. Не може овластен градежен инспектор со неизвршен инспекциски надзор да е причинител на оваа опасност, ниту истиот има пропишани надлежности за проверка на противпожарни уреди.

Обвинителниот акт за овој обвинети е паушален, има недостаток на докази за причинско-последичната врска меѓу непостапувањето и настанатиот пожар.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не може овластен градежен инспектор со неизвршен…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжи судењето за „Пулс“ – Обвинетиот Георгиев…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето…

„Дејан, биди искрен и кажи“ – Ердовска…

„Нека биде искрен Дејан и нека каже…

Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал…

Најпрво и јас сакам да изразам најдлабоко…