Не му кажале: Бесими не е информиран за набавката на октоподи и морски плодови од страна на Владата
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека не е информиран за набавката на окотоподи, морски плодови и прибор за јадење од страна на Владата.
На прашање од “Алсат” дали ваквиот трошок е непродуктивен, особено за време на криза, Бесими одговори:
„Тоа што го прави секоја институција, е резултат на транспарентност, а сите нека зборуваат за што се работи, немам детали, сега слушам од вас, можете слободно да ги прашате надлежните институции“, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.
Во три договори што Владата ги склучи со фирма од Скопје, вредни 20.500 евра, фирмата треба да ја снабдиВладата со свежа риба, октопод и морски плодови. Од Владата објаснија дека ќе платат онолку колку што ќе се потроши при посета на делегациите. Реагираа и опозициските партии во земјава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесими: Се бара одржливо решение за корекција…
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека…